Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Најчести грешки кои ги правиме при средување на ноктите

Сигурно ви се случило да поминете барем половина час средувајќи ги ноктите, а притоа целиот труд да го уништите со еден потег. Би можеле да се препуштите на вештите раце на козметичарите, но тоа е луксуз кој ретко кој може да си го приушти. Ќе ви биде полесно кога ќе дознаете дека помеѓу вас и добриот маникир во вашиот дом постојат неколку грешки кои лесно може да ги избегнете.

1. Ја сечете кожичката

Сечењето на кутикулите, тенки и нежни кожички околу ноктите е голема грешка. Тоа нема да даде резултати. Што повеќе ги сечете, тие повеќе ќе растат. Уште поважно, таа кожичка го штити коренот од ноктите и поткожното ткиво од бактерии  и други штетни влијанија. Наместо да ги сечете, негувајте ги така што на нив ќе нанесете неколку капки масло за нега, а потоа потиснувајте ги со потиснувач за кутикули или со пешкир после туширање. Тоа е осетлива кожа и тешко се одржува хидрирана, посебно во зима. Ако не е доволно хидрирана, може да дојде до искупкување, што може да биде многу болно. Секогаш при раце држете шишенце масло за нега на кутикули и намачкајте ги кога ќе почуствувате дека се суви. Ќе ви послужи и кокосово или маслиново масло.

article-new-thumbnail-ehow-images-a04-61-tb-have-healthy-cuticles-800x800

2. Не ги турпијате ноктите во една насока

Врвот на ноктот е најстар и најкревок дел од ноктот, а ако ги турпијате ноктите напред-назад, тогаш може да го олесните напукнувањето на ноктите. Почнете од крајот на ноктот и со турпијата секогаш повлечете во една насока.

3. Претерувате со полирање

Полирањето на ноктите е важен чекор во маникирот, бидејќи на тој начин ги измазнувате сите нерамнини на ноктите. Меѓутоа, доколку претерате, ноктот ќе постане кршлив. За најдобар ефект коритете турпија со четири страни за полирање на ноктите. Прво исполирајте ја нежно површината на ноктот со најгрубата страна, а потоа продолжете со останатите три страни додека ноктот не стане убав и сјаен. Потоа нанесете средство за зајакнување на ноктите.

manicure

4. Не ставате основа за нокти

Дали сте приметиле колку поубаво изгледа карминот кога е нанесен по балзам на усните? Исто е и со основата за ноктите. Кога ќе ставите основа на ноктите, ќе добиете убава, мазна површина. Освен тоа, лакот ќе трае многу подолго. Нанесете многу тенок слој на основа на свежо исполирани нокти, а веднаш потоа нанесете и лак во посакуваната боја.

5. Не ги натопувате ноктите пред средување

Доколку средувате потполно суви нокти, предизвикувате пукање. Потопете ги ноктите во топла вода на 5 до 10 минути пред маникирот. Додадете неколку капки етерично масло од лаванда за релаксација или арганово масло за хранење и хидратација на ноктите.

Best-Nail-Base-Coat

6. Премногу лак на четкичката

Тенки слоеви лак се најважни за долготраен маникир. Ако нанесете предебел сожлој на лак, многу побрзо ќе се излупи. Кога ја натопувате четкичката, оставете лак само на едната страна (вишокот на лак од едната страна отстранете го на грлото на шишенцето). Првиот слој нека биде многу тенок, почекајте 60 секунди и нанесете уште еден слој.

7. Ги лакирате ноктите откако сте ставиле крема за раце

Нанесувањето крема на крајот на процесот на средување на ноктите, а пред нанесување лак, е клучно за здрави и убави раце. За жал, кремата остава масна бариера која го отежнува нанесувањето на лакот. Откако сте ги намачкале рацете, на памукче ставете малку отстранувач на лак за нокти и со него пребришет ги ноктите пред нанесување на основата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...