Покрај здравствените предности, медот и авокадото можат да ви послужат и за убавина. Хидратантна маска од мед и авокадо се препорачува на лица кои имаат проблем со сува кожа.
За маската ви е потребн ½ зрел авокадо, ¼ филџан мед. Авокадото згмечете го и направете кремаста смеса без грутки. Потоа додајте мед и мешајте додека смесата не стане мазна.
Нанесете ја маската на лицето и вратот, и оставете ја да делува околу 20 минути. Измијте се потоа со млака вода, а лицето избришете го нежно со тапкање со пешкирот. Потоа нанесет хидратантна крема која не содржи масло.
Покрај тоа што хидрира, оваа маска ја намалува видливоста на пегите и ситните бори.

You must be logged in to post a comment Login