Една од доста важните цели на козметичката нега е воспоставувањето рамнотежа на влажноста на површинскиот дел од кожата. Хидратантните креми ја имаат токму таа значајна задача. Тие, освен што ја надоместуваат изгубената влажност на кожата, го регулираат и губитокот на влага од површинскиот слој од кожата.
Масните супстанци не можат потполно да го решат проблемот на сувата и дехидрирана кожа, па се неопходни хидратантни, полумасни креми за ден и хранливи хидратантни креми за ноќ.
Покрај тоа, лицето треба да се чисти со козметичко млеко и масло. На голема топлина или кога е премногу ладно, неопходно е да се штитите со неутрален крем, така што кожата ќе биде заштитена од несаканото атмосферско влијание.
Маските од овошје и зеленчук ја освежуваат кожата и ја витиминизираат, па се препорачуваат да ги практикувате еднаш до два пати неделно (маски од јагода, банана, праска, јагода, јаболко и др.). Во маската, задолжително додајте маслиново или бадемово масло.

You must be logged in to post a comment Login