• Сподели на:

Make up совети кои морате да ги знаете доколку имате осетливи очи

___

Доколку имате осетливи очи и се шминкате, овие совети ќе ви бидат од непроценлива вредност.

Обавезно отстранете ја шминката од лицето

На сите понекогаш ни се случува да заборавиме да ја отстраниме шминката, но ова не смее да им се случи на лицата со осетливи очи. Обавезно отстранете ја секоја трага од шминката и при тоа користете благо средство за чистење лице.

Редовно менувајте ги козметичките производи

Знаеме дека не е практично да фрлате шминки кои не сте ги потрошиле до крај, но често се случува предолго да стојат во вашиот несесер. Колку и да се трудите да го одржите чист, секогаш постои ризик од бактерии. Редовно менувајте ја козметиката за да избегнете иритации.

Чисти раце

Осетливите очи бараат нежен допир. Како што е битно да користите чисти четки за шминкање, исто така е важно секој пат пред нанесување на шминката добро да ги измиете рацете. Преку рацете најлесно се пренесуваат бактериите и затоа хигиената на рацете е многу важна. Исто така трудете се за време на нанесувањето или отсранувањето на шминката да не ги триете очите.

Внимателно изберете ја маскарата

Избегнувајте маскари кои се наменети за издолжување на трепките, бидејки нивните влакна ги иритираат очите. Можеби подобро решение од маскара е боја за трепки, но пред нанесувањето обавезно направете тест. Ако за време на тестот дојде до иритација, најдобро е да не ја користите.


Оставете коментар

___