• Сподели на:

Летна диета: Со лубеницата можете да загубите неколку килограми за само 5 дена

___

Овој сладок зеленчук е создаден за освежување, но исто така е добар за губење на вишокот килограми.

Лубеницата може да ви помогне да загубите неколку килограми, а најдобрата детоксикација трае од 9 до 13 дена.

Овој зеленчук помага во губењето на вишокот килограми благодарение на тоа што вистински заситува и позитивно влијае на столицата. Плус, лубеницата е слатка, па може да биде вистинска замена кога ќе почувствувате потреба за сладолед или чоколадо.

Лубеницате изобилува со влакна кои ќе ве држат сити и ќе го попречат прејадувањето. Но, иако е богата со хранливи материи, има малку калории, таа има висок гликемиски индекс.

Оние кои се чувствителни на подигањето на ниво на шеќер во крвта, треба да внимаваат и да ја комбинираат со намирници кои имаат низок гликемиски индекс, како на пример јаболки, цреши, ‘ржан леб, леќа, ореви… Не мора да го комбинирате како оброк, но треба да внимавате за следниот оброк за да дојде до анулирање на високиот гликемиски индекс од лубеницата.

Откако ќе ја завршите диетата со лубеница, за да продолжите со слабеење заменете ги сите сокови со вода и лубеница: исецкајте две резанки лубеница на ситни парчиња и замрзнете ги. Потоа, земете една шака од замрзнатите парчиња и додадете ги во чаша вода. Мразот од лубеницата ќе ја разлади водата и ќе и даде сладок вкус. Откако ќе ја

испиете водата, изедете ја лубеницата.

Со помош на лубеницата ќе ја намалите и количината на храна која ја внесувате вообичаено за време на оброкот. Консумација на помали оброци е еден од најдобрите начини за губење на килограмите, а лубеницата ќе ви помогне да се чувствувате сити.

Пред да се одлучите на диетата со лубеница, еве неколку предлози на кои сѐ начини можете да ја консумирате и неколку факти кои е корисно да ги знаете:

Оладете ја пред да ја јадете

Најладната лубеница не е и најздрава. Чувајте ја на собна темература и оладете ја непосредно пред да ја јадете.

Салата на нов начин  

Во зеленчуковата салата која најчесто ја консумирате во летниот период додадете една до две шаки ситно исецкана лубеница, малку мента и моцарела. Зачинете ја со неколку капки балзамик оцет.

Овошен десерт 

Послужете ја лубеницата како десерт – наместо парче торта, изедете една до две парчиња лубеница и уживајте во приордниот вкус.

По вежбање 

Ставете во блендер еден килограм лубеница без семки, една чаша ладна вода и лажичка сок од лимон.

Совет од нутриционистите  

Нутриционистите не препорачуваат брзи диети, напротив сметаат дека единствен сигурен начин за долгорочно слабеење е промена на навиките во исхраната. Лубеницата е одлична намирница која треба да се јаде, но никако не смее да се претерува со исфрлање на други намирници, сѐ со цел да што поскоро се ослободите од килограмите.

Пред да зпочнете било каква диета, задолжително консултирајте се со својот доктор.

Мени

1. ден

Појадок: парче лубеница, шоља кафе или зелен чај

Ручек: 150гр варено говедско месо, 150гр варен ориз, парче лубеница

Вечера: 100гр свежо кравјо сирење, едно парче интегрален леб, парче лубеница

2. ден  

Појадок: парче лубеница, шоља кафе или зелен чај

Ручек: 100гр варени пилешки гради, едно парче леб, парче лубеница

Вечера: 100гр риба на жар, 100гр варен ориз, 2 парчиња лубеница

3. ден

Појадок: парче лубеница, парче двопек, шоља кафе или зелен чај

Ручек: 50гр тестенини со доматен сос, 3 парчиња лубеница

Вечера: зеленчукова залата, неограничена количина лубеница

4. ден 

Појадок: 2 парчиња лубеница

Ручек: супа од брокола, парче леб, 2 парчиња лубеница

Вечера: 3 печени компири во рерна, 2 парчиња лубеница

5. ден

Појадок: 3 парчиња лубеница

Ручек: 150гр варено говедско месо, неограничена количина лубеница

Вечера: парче леб, 100гр кравјо сирење, 3 парчиња лубеница 

 

 


Оставете коментар

___