Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како сами да ставите вештачки трепки

Пред нанесување на вештачките трепки, капаците на очите мора да бидат идеално чисти и суви. Поставете ги трепките до линијата на вашите трепки за подобро да ги наместите. Доколку забележете дека вештачките трепки се многу долги за вашите очи, скратете ги со ножички.

Кога ќе го измерите и скратите вишокот, нанесете адхезивен лепак на лентата од трепките, почекајте 30 тина секунди да се подзасуши лепакот, па залепете ги трепките на вашиот капак. Лепењето на трепките започнете го од внатрешниот агол на окото кон надвор и нанесете ги долж линијата на своите трепки, што поблиску до ивиците. По лепењето притиснете ги трепките по целата должина, а особено на краевите, за да ја фиксирате нивната положба.

Напомена: не нанесувајте лепак на своите трепки

За поубав изглед, ставете и маскара со која дополнително ќе ги залепите вашите со вештачките трепки, па нема да се воочува разликата, како и туш за очи на капакот од окото, точно на местото каде се спојуваат вашите и вештачките трепки.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...