Aко мајката природа не ви подарила секси усни како Анџелина Џоли, има начини како тоа да го постигнете и тоа без силикон! Следете ги овие неколку совети и ќе имате усни како од соништата.
1. Пилинг
За да постигнете подобра циркулација на усните, правете редовно пилинг со четка за заби. Намокрете ја четката и лесно истријте ги усните. Така ќе ја подобрите циркулацијата, а усните ќе ви бидат по мазни и пополни.
2.
Цимет
Доволно е капка од етерично масло од цимет или нане да нанесете на усните, па тие ќе изгледаат поволуменозни, помеки, а со самото тоа и поубави.

3. Вежби
Развлечете ги усните во широка насмевка, а потоа соберете ги како да се бакнувате и тоа повторете го 20 пати. Изберете омилена мелодија и свиркајте од три до пет минути секој ден. Се смета дека личностите кои свират дувачки инструменти имаат поголеми усни бидејќи редовно ги вежбаат мускулите и така му пркосат на успорувањето на метаболизмот, кој прв се гледа токму на кожата од усните.
4. Ментол
Ментолот дава ефект на потечени усни. Најдобар е пинк сјајот за усни со ментол и хидратантна формула која рефлектира најмногу светло и ги прави усните поволуменозни.
5. Заштита од сонце
Дали знаете дека УВ зраците ги прават усните потенки? Затоа редовно употребувајте балзам со заштитен фактор 30.

You must be logged in to post a comment Login