• Сподели на:

Како да постигнете nude make up изглед?

___

Дневната шминка треба да се разликува од вечерната. За преку ден доволно е малку обоена крема, маскара и руменило и сјај за усни.

Пред подлогата (ако ја користите) неопходна е крема за сончање со заштитен фактор 15 или поголем, со додатоци на цинк оксид или титаниум диоксид, за да би избегнале штетни последици од UV зраците.

Подлогата мора да биде во природна боја на вашиот тен, ниедна жена не го сака ефектот маска на лицето. Подлогата можете да ја фиксирате со пудра во прав, но у мала количина.

Маскарата секогаш мора да ја има на лицето на секоја жена. Нанесете еден слој, а потоа и втор слој. Малку сенка во беж боја или светлорозева е сосема доволно. Нанесете малку руменило во светлорозева или боја на кајсија на јаболкниците но со многу нежни движења.

И за крај сјајот за усни и спремни сте.


Оставете коментар

___