• Сподели на:

Како да одберете идеална боја на течна пудра

___

Одбирање на течна пудра може да биде особено тешка задача. Освен текстурата која одговара на типот на кожата, многу е важно да ја погодите и вистинската нијанса.

Доколку пробате течна пудра на раката, голема е веројатноста дека нијансата нема да одговара според бојата на вашиот тен на лицето. Рацете се секогаш малку потемни, а текстурата на кожата е многу погруба.

Доколку сакате да бидете сигурни дека течната пудра одговара со вашата природна боја, најдобро е да направите краток тест.

На чело нанесете мала количина на пудра и на силно светло проверете дали бојата на пудрата одговара на вашата природна боја на тен. Таа мора да биде многу слична или само за нијанса посветла од природната боја на тен.

Кожата на челото е најтемниот дел од лицето и најбрзо реагира на сончевите зраци.


Оставете коментар

___