• Сподели на:

Како да направите сами маска и серум против брчки

___

Оваа маска добро е да ја нанесувате два пати неделно. Маската против брчки се состои од: 1 лажица зелена магма во прав, 1 лажица алги од спирулина во прав, 1 лажица матичен млеч и 2 лажици гел алое вера.

Измешајте ги сите состојки додека не добиете густа паста и веднаш нанесете на кожата на лицето, вратот и деколтето. По дваесет минути измијте со млака вода. Кожата ќе биде мека и длабински нахранета.

Серум против брчки – Етерично масло од смил и аргановото масло се најдобрите и наједноставните комбинации за изработка на серум против бори. Смилот се покажал како најдобро етерично масло за регенерација на кожата бидејки спречува настанување на бори, подочници и хематоми, а арганово масло ја обновува и длабински ја храни кожата. Состојките се: 15 ml арганово масло, 10 ml масло од плод на диви рози, 5 ml пченичен скроб, 5 капки етерично масло од смил.

Сите состојки измешајте ги, истурете во темен стаклен сад и користете го секојдневно за нега на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете.

 


Оставете коментар

___