Оваа маска има стимулирачки ефект врз коренот и овозможува побрз растеж на здрава коса. Нејзината редовна употреба ја прави косата густа и сјајна.
Освен тоа киселото млеко го прочистува скалпот на косата. Следната состојка на маската е жолчката, која има многу потхранувачко дејство и снабдува со витамини.
Во ½ чаша ретко кисело млеко ставете 1 чаша какао и една жолчка. Мешајте додека смесата не стане хомогена. Добиената смеса се става на коренот на косата и се распространува низ целата должина.
Откако смесата ќе почне да се суши, нанесте уште еден слој. . На крајот завиткајте ја косата со најлонска кеса или со крпа. Оставете да дејствува 15-20 минути и измијте ја со шампон.

You must be logged in to post a comment Login