• Сподели на:

Како да ја спречите појавата на метил?

___

Појавата на метил е проблем на речиси секоја девојка. Косата изгледа лошо, се кине на врвовите и има посветла боја од здравото влакно.

За да ја успорите или барем намалите појавата на метил ви предлагаме неколку совети:

– пред да ја кратите косата проверете дали ножичките се доволно оштри. Внимавајте каде одите на фризер, опремата мора да биде добро наоштрена во спротивно уште повеќе ги оштетувате врвовите.

– не користете жилет. Жилетот при сечењето го дели влакното на повеќе делови поради што истото побрзо расцветува.

– внимавајте како ја фарбате и со што ја фарбате вашата коса. Фарбите за коса го оштетуваат влакното, го прават потенко и полесно може да расцвета. Хидрогенот ја оштетува косата, затоа оставете подолг период помеѓу секое наредно фарбање.

– при обликување на косата користете препарати кои ќе ја заштитат, како што се спрејови за заштита на косата при пеглање, фенирање или виткање.

– користете квалитетен шампон кој ќе ја направи вашата коса посјајна и поцврста.

– лесно забораваме дека сонцето и ветерот се непријатели на косата. Ако подолго време сте изложени на силно зрачење или силен ветер косата се оштетува. Затоа во лето користете препарати за заштита од сонце, а на есен и во зима за заштита од ветер и мраз.

– влечењето на косата било да е со пегла или со чешел го поттикнува расцветувањето на влакното, а може да предизвика и кинење на поголем број влакна.

Грижете се за вашата коса, бидејќи таа е знак за вашето здравје и за вашата лична нега.

 


Оставете коментар

___