• Сподели на:

Како да ја негувате косата во есен?

___

Она што треба да се направи откако ќе настапи есента е да се отиде кај фризерот за да ви ги ишиша врвовите на косата, со цел побрзо да се опорави. Колку многу претрпела косата во текот на летото, мора да причекате барем месец дена и потоа да ја фарбате.

Косата по летото е доволно сува и не и е потребно додатно сушење со помош на електрични апарати како што е пегла или пак преса за коса. Избегнувајте сушење на косата со апарати, сушете ја на природен начин, а доколку немате други опции наместете го сушилото на најслабата опција кое го поседува.

Откако ќе ја измиете косата замотајте ја со пешкир и нежно притискајте ја без триење, затоа што така може да ги оштетите врвовите кои се склони на пукање.

На крајот немојте да се преплашите доколку косата ви паѓа многу почесто отколку до сега. Се работи за нормална природна појава која најмногу се случува во пролет и есен.


Оставете коментар

___