Маските за лице се одлично дополнување на вашата секојдневна нега, но во морето од маски кое ги преплавува полиците на парфимериите понекогаш е тешко да се избере онаа вистинската. Важно е дека маските ги бирате според потребите на вашата кожа, а не според бојата и изгледот. Еве неколку основни типови на маски за лице.
1. Хидратантна маска
Хидратантната маска може да ја користат жени со било кој тип на кожа и на било која возраст. Посебно е добро да се направи по завршувањето на летото за да се врати загубената влажност на кожата.
2. Хранлива маска
Хранливите маски се препорачуваат за сува и осетлива кожа, а можете да ги користите и ако имате мешан тип, но само од време на време. Ако премногу често ги користите хранливите маски, а имате масна Т-зона, можно е вашата кожа само дополнително да ја замастите.
3. Лифтинг маска
Лифтинг маските се препорачуваат на жените на кои им е „опаднат“ тонусот на кожата и кои сакаат да ја вратат еластичноста и затегнатиот изглед на лицето.
4. Маска против брчки
Anti-age маските се појаки од класичните креми па се одлично надополнување во борбата против брчките. Нанесете ги барем на секои две недели.
5. Маска за енергија
Маските со овошни киселини и сјајни честички се наменети за уморна и сува кожа, а даваат и блескав тен и младолик изглед.
6. Peel off маска
Peel off маските се наменети за масна и мешана кожа, а нивната основна задача е длабочинско чистење на кожата. Ако имате проблематичен тен, нанесете ги еднаш неделно по пилингот.

You must be logged in to post a comment Login