Проширените пори најчесто имаат жените со масна и мешовита кожа. За да бидат помалку видливи, кожата е потребно правилно да се негува. Редовно чистете ја, користите производи и лосиони наменети за вашиот тип на кожа. Кога е збор за изборот на шминка, користете производи без масло во нив. Кремите и течната пудра без масло се одличен избор, баш како пудрите за матирање, минерални пудри во прав, коректори и камуфлажи.
Избегнувајте шминка со светки, тешка пудра на база на масло, течна пудра со светкави честички, но и сите останати производи за лицето што содржат светкави честици. База и крема со илуминатор како и руменило во кремата не се најдобар избор за жените со проширени пори.