• Сподели на:

Како да изберете руменило според обликот на лицето

___

Руменилото е основниот алат за давање свежина на лицето, а делува во принцип на правење сенка на кои се нагласуваат неговите контури. Нанесување на руменило не треба да се ограничи само на образите, а еден потег преку слепоочницата, на челото или брадата може да го заокружи цело лице, па ќе делува помалку нашминкано.

Овално лице – Идеално место за руменило ќе пронајдете така што ке ги напрчите усните, а четката ќе ја поставите на горниот дел од јагодичните коски и повлечете кон вдлабнувањето. Потоа со нежен потег спуштете се до работ на лицето. Лицето така оптички ќе се подели, па тоа ќе стане многу поизразено.

Округло лице – Кај овој тип на лице важно е руменилото да се обликуваат нежните рабови, а никако нагло претопување. Совршено место за руменило одредете така што образите лесно ќе се вовлечат измеѓу катниците. Вдлабнувањето кое настанало премачкајте го со руменило кое сте го нанеле на четката така да го нанесувате од работ на лицето према носот.

Четвртасто лице – Во должина на целата контура на лицето обликувајте ги меките рабови со нежни потези. Важно е да го нанесете руменилото од самиот корен на косата и тоа на работ на лицето за да биде посилно, а спорема средината на лицето да биде посветло и поблаго.

Срцелико лице – Руменилото на овој облик на лице служи за благо изедначување на пропорциите. Малку количина на руменило треба да се тави на врвот на брадата и средината на челото. Кај овој тип треба да се нагласат самите јагболчници. Насмевнете се во огледало и со неколку потези со четката од средината на лицето према надвор исенчете ги издигнатините на врвовите на јаболчниците.

Издолжено лице – Кај овој облик на лице важно е оптички да ги скратите лицето, а тоа ќе го постигнете така што руменилото ќе го нанесете на јаболчните коски према ушите, така што ќе направите водорамна а не вертикална сенка на лицето. Со тоа ќе постигнете визуелно да го проширите лицето и ќе ги истакнете неговите доблести.


Оставете коментар

___