• Сподели на:

Како да го спречите лупењето на ноктите. Ефикасни маски против лупење на ноктите

___

Лупењето на ноктите кај жените е многу честа појава.

Причините лежат во нарушената регенерација на епителот, недостигот на витамин Е,Д и Ц. Со цел да го запрете овој проблем, треба да ја зголемите вашата дневна доза на витамини и минерали.

Исто така, ви препорачуваме маска против лупење на ноктите.

Најлесен начин да го запрете овој проблем – премачкувајте ги ноктите со лимон и јод . исто така, треба да започнете со земање на витамини и калциум, што најдобро се прави преку храната, а не во форма на таблети. Повеќе внимани обрнете на млечните производи, риба, зеленчуци и јајца. Најдобара избор за пијалок е зелен чај со лимон.

Маски против лупење на ноктите

Маслинова маска

Земете 150гр маслиново масло и во него истискајте сок од половина лимо. Смесата нанесете ја на ноктите, завиткајте ги рацете со крпа или ставете ракавици, но не од гума (на кожата и е потребно да дише). Поминете ја ноќта со оваа маска. По седум дена, со повторување на оваа постапка вашите нокти ќе бидат повторно здрави.

Маска на база на јод

Во една чаша вода измешајте една лажичка јодирана сол и додадете 10 капки јод. Смесата нежно втривајте ја на ноктите и кутикулите (почетокот на ноктите). Една недела подоцна, ќе забележите дека ноктите станале чврсти и здрави.

Мешавина од лимон и јод

Ова е веројатно најдобрата маска против лупење на ноктите, мешавина на претходните два рецепти во еден. Земете чичково масло (150гр) и загрејте го. Додадете 1 лажичка сок од лимон и 8 капки јод. Со навлажнети памукчиња (во овој раствор) завиткајте го секој нокт. Оставете да преноќи. Лекувањето трае 7 дена.

Сите овие процедури не смеете да ги правите повеќе од две недели.

Ќе видите, оваа маска ќе ви обезбеди убави и атрактивни раце.


Оставете коментар

___