• Сподели на:

Како да го спречите црвенилото и перутањето на кожата?

___

Ако сте една од оние кога излегувате надвор и кожата веднаш ви се зацрвенува и почнува да се перути, тоа е знак дека вашата кожа е многу сува и дека морате што е можно побрзо да ја хидрирате. Ви откриваме и како да го сторите тоа.

Шминката многу лесно иритира, а посебно со препаратите и начинот на кој ја одстранувате. Затоа е нужно да користите производи наменети за сува и чувствителна кожа, бидејки мрсната крема не само што неможе да ја нахрани и заздрави, туку ја влошува ситуацијата.

Обратете внимание и на телото, а не само на лицето. Ако секаде кожата е сува и се перути, променете ги козметичките производи. Користете креми, млека и лосиони кои брзо ја враќаат влажноста и еластичноста, а немаат агресивни состојки. Доколку сте склони на пеги, потребен ви е поголем UV фактор.

На овој тип на кожа посебно добро влијаат хранливите креми со маслина, авокадо и есенцијално масло од роза, без конзерванси и парфеми, како и благите маски и нежни пилинзи кои не содржат зрна.

Меѓутоа, не е само сувата кожа чувствителна, туку може да биде и мрсната но и нормалната. Пред изборот на адекватен препарат, добро би било да се консултирате и со дерматолог.


Оставете коментар

___