• Сподели на:

Како да го сокриете израстокот?

___

Израстокот најчесто се појавува одникаде. Еден ден вашата коса изгледа одлично, а потоа едно утро кога ќе се погледнете во огледало и одеднаш ве дочекуваат неколку сентиметри подолг израсток. Ви претставуваме 3 едноставни начини како да го прикриете и што да сторите кога израстокот ви ја расипува целата фризура.

Променете го разделакот – Ако секогаш ја разделувате косата на истото место, тој дел на косата природно се спласнува и така вашиот израсток повеќе се гледа. Разделете ја косата на другата страна и оставете ја разбушавена. Ништо повеќе не нагласува израст од рамна, безживотна коса. Или пак заборавете на разделакот во потполност и подигнте ја косата во опашка, плетенка или пунџа.

Поработете на волуменот и текстурата на косата – Што повеќе ја подигнувате вашата коса од темето, тоа е и подобро. Волуменот околу коренот на косата прави да се гледа помалку. Со обзир на тоа дека косата по неколку дена од миењето изгледа безживотно, користете шампон за суво миење на косата за да добиете волумен во косата и да го отстраните вишокот на масло од коренот. Плус шампонот за суво миење ќе направи текстура на која многу полесно ќе го сокриете израстокот.

Користете сенка за очи – Сенката за очи прави чудо на косата. Пронајдете нијанса која одговара на вашата боја на косата и нанесете на вашиот разделак со четка. Немојте да претерувате со количината на сенка на почетокот, секогаш можете да се вратите и ја поправите сенката од недостаток на сенка каде што треба.


Оставете коментар

___