• Сподели на:

Како да го покриете подбрадокот

___

За изразениот подбрадок можеме да ја кривиме нашата исхрана, но и генетиката, а мали козметички и модни трикови можат да помогнат овој проблем да се прикрие.

  1. Шминка – Подбрадокот може да се прикрие со бронзер. Одберете бронзер неколку нијанси потемен од пудрата па со дебела четка нанесете на подрачјето од долниот раб на вилицата и по горниот дел од вратот. Така добивате потемна сенка, каде на подбрадокот ќе се стави во втор план.
  2. Фризура – Против подбрадокот можете да се борите и со фризурата. Никако немојте да ја шишате косата во висина на брадата, а нечини ниту ако е предолга бидејки двете фризури во прв план го ставаат несаканиот подрбадок.
  3. Облека и накит – Заборавете на рол-крагните, како и на блузите закопчани до грло, на кои вашата брада и подбрадок ги прават понагласени. Изберете нешто со малку поотворено деколте.
  4. Правилно држење – Ако се држите подгрбавено и одите со спуштена брада вашиот подбрадоккако и опуштената кожа ќе се најде во прв план. Затоа, држете се исправено, спуштите ги рамениците и гордо дигнете ја главата.

Оставете коментар

___