Несесерот бирајте го според обликот и големината каде ќе одговара на вашите торби, но и количината на шминка која секогаш ја носите со себе. Доволен е за пудра, маскара, сјај и руменило.
Можете еднаш во месецот да ја прегледувате козметиката и да го исфрлите тоа што не го користите редовно и каде му истекол рокот на траење.
Ској производ детално исчистете го, па потоа вратите во несесер кога и него ќе го исчистите и исушите. Изберете несесер со пластична постава бидејки тој полесно се чисти. Најтешките работи ставете ги на дното.
Сите апликатори чувајте ги на едно место во посебна преграда на несерот, во џепот или пак во футрола.

You must be logged in to post a comment Login