• Сподели на:

Изгледајте 10 години помлади за само 10 минути

___

Малите промени во шминкањето и облекувањето ќе направиат чудо во вашиот изглед. Прочитајте што е потребно да направите за да се подмладиле 10 години…

Користете брајмер (база за шминка) – Жените прават грешка кога нанесуваат голема количина шминка со надеж дека ќе изгледат помлади. Тоа напротив дава спротивен ефект и ги прави постари. Доколку сакате да се подмладите, купете прајмер со боја на кожа. Нанесете го на образите и челото така што опуштената кожа би изгледала затегната.

Нанесете коректор под очите – Една од причините зашто изгледате постари е поради подочниците кои се повеќе се познаваат со текот на годините. Коректорот ќе ви помогне да ги сокриете подочниците и флеките. Исто така, немојте да претерувате со коректорот да не би дошло до разлика во бојата.

Одберете фустани според градбата на телото – Нема само шминката да ве подмлади туку и облеката. Многу жени не обрнуваат внимание на облеката која ја носат со годините, што ги прави да изгледаат постари. Затоа носете го тоа што ви е удобно, што ви нуди самодоверба, а сепак не е премногу формално.

Одстранете ги влакната од лицето – Иако депилацијата не е ни малку пријатна, штом вашето лице е чисто тоа моментално изгледа барем неколку години помладо. Депилација на надусниците, чупање на образите, одстранување на влакната од образот ќе го направи вашето лице нежно и помладо.

Променете ја фризурата – Некогаш младешкиот изглед е чиста илузија. Оваа илузија може да се креира така што ќе ја промените фризурата и да пробате нешто ново. Почнете да ја взувате или да се скратите малку, да добиете изглед на млада девојка.

Користете корсет – Совршена работа за жените во години која линијата ја прави затегната, а со самото тоа и вашето тело има помлад изглед е секако корсетот.

Користете маски за лице – Ако сакате да се подмладите десет години, а да во тој процес не вклучувате многу шминки тогаш редовно користете маски за лице. При нанесувањето на маски направете еден пилинг како би ги прочистиле порите, кои подоцна ги храните.

Користете кармин со посветла боја – Темните кармини ќе ги нагласат проблематичните региони на вашето лице. Пастелните, мат и светлите нијанси на кармин се апсолутни must have доколку сакате да изгледате младолико.

Смејте се – Последно, но не и најмалку важно. Моќта на смеата е доста потценета кај многу жени. Лицето со насмевка нема вас да ве подмлади за 10 минути, туку моментално!


Оставете коментар

___