Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Изберете пудра според типот на кожата

Освен што ја прикрива несовршеноста на лицето, пудрата е одлична заштита од многубројните штетни фактори. Денес на козметичкиот пазар имаме навистина голем избор – може да се најде пудра со состојки што ја негуваат и ја хранат кожата, како и оние со ефект против стареење. 

При избирањето совршена пудра, најважно е да внимавате на типот на кожата. Само на нормалната и на комбинираната кожа ѝ одговараат сите текстури на пудра.

Ако имате мрсна кожа, најдобро е да користите мат и пудра во прав, додека за сува кожа се препорачува пудра со маслена основа. Од неодамна, меѓу повеќето мејкап-производи има и транспарентни течни пудри што совршено ги прикриваат неправилностите и прават кожата да изгледа природно и свежо. Тие се одлична подлога за многу стилови на шминкање, поради што и визажистите максимално ги користат како дел од мејкапот.

Изборот на тонови е навистина голем, од изразено светли до оние темни и седефасти. Пред купувањето, задолжително пробајте ја пудрата на вратот или на лицето бидејќи единствено така ќе можете да видите колку таа ви одговара. Најдобра е онаа боја што се претопува со кожата така што не се гледа разликата.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...