Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Домашни рецепти против темните кругови под очите

Козметичките производи за отстранување на темните кругови под очите често се многу скапи и не содржат толку корисни состојки.

Затоа можете да се обидете и со домашните методи за справување со проблемот.

Потемнувањето на кожата под очите може да се појави како последица на напрегање, недостаток на сон, алергиски реакции, бременост и менопауза.

Домашни методи:

Паста од домати:

1-2 свежи домати, кукурма во прав, една штипка брашно од леблебија, 1 лажица свеж сок од лимон.

Измешајте ги до добивање на густа паста. Нанесте ја околу очите и оставете да се исуши. По 10-20 минути исплакнете темелно со вода. За траен ефект повторувајте ја постапката 2-3 пати неделно.

Бадемово масло

Пред спиење нанесете тенок слој бадемово масло на темните кругови околу очите. Следното утро исплакнете го со ладна вода. Најдобар ефект ќе постигнете по едноседмична употреба.

Краставица и компир

Ставете парчиња од свежа краставица или компир за благотворно дејство. Можете да го користите и нивниот сок – најдобро оставете да делува цела ноќ.

Листови од нане

Изгмечете листови од нане и ставете ги на проблематичната зона. Ќе почнат да делуваат по 10 минути. Имаат и дополнителен смирувачки ефект.

Сок од портокал и глицерин

Смесата од свежо исцеден сок од портокал и глицерин многу успешно се бори со темните кругови. Го враќа природниот сјај на кожата и ја прави мека.

Тоник од ружа

Потопете памук во тоникот од ружи и оставете го под очите некое време.

Алое вера

Измешајте алое вера со сок од домати и мачкајте под очите два или три пати дневно. Ќе почувствувате неверојатна свежина.

Правилна исхрана

Вклучете во исхраната разни видови на овошје и зеленчук со богата содржина на влакна. Пијте многу вода. Така ќе го прочистите вашето тело и ќе ги држите темните кругови далеку од очите.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement