• Сподели на:

Домашен рецепт за отстранување на црнките од носот

___

Ова е уште еден одличен и едноставен начин со кој може да се ослободите од досадните црнки на носот без да трошите пари, туку да употребите производи кои веќе ги имате дома.

Покрај добро позната метода за отстранување на црнките со употреба на желатин и млеко,ова е уште еден одличен начин за ослободување од црнките.

Сè што треба во основа да направите е да ставите лимон и сол на вашиот нос за да се ослободите од црнките, бидејќи овие два домашни производи претставуваат совршена комбинација за чистење на лицето.

Лимонската киселина ќе ја очисти и осветли вашата кожа, додека пак солта ќе ги ослободи вашите пори од бактериите.

Потребни состојки:

  • 1 Кафена лажичка морска сол
  • 2 кафени лажички лимон
  • 1 кафена лажичка вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно и смесата нанесете ја на носот откако претходно добро сте го очистиле со вода.

Правете кружни движења за масажа на носот околу 2 до 4 минути и уште еднаш измијте го носот со млака вода.

Почекајте неколку минути и уште еднаш измијте го носот со ладна вода.

Оваа постапка треба да ја повторувате еднаш до двапати неделно и веднаш по примена на овој метод за отстранување на црнките да не го изложувате лицето на директна сончева светлина.


Оставете коментар

___