Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Домашен педикир, да или не?

Грижата за стапалата не бара многу време или пари, затоа не ги занемарувајте. Некои третмани, како што се пилингот и средување на ноктите, може лесно да се направи, но ако имате враснат нокт или пликови, педикирот оставете го на професионалци.

Направете пилинг
Измешајте една чаша морска сол, сок од лимон, две лажици маслиново масло и неколку капки ароматично масло по вашиот избор. Пилингот втријте го на стапалата нежно со масажа во кружни движења. На овој начин кожата е подготвена за третман.

Направите купка
Во млака вода, истурете малку морска сол, неколку капки етерично масло или готова купка. Така подготвена купката ја омекнува кожата, ја поттикнува циркулацијата и ги релаксира уморните нозе.
Седнете во удобен стол, ставете ги нозете во купката, затворете ги очите и целосно опуштете се. Останете така за околу 20 минути, а доколку е потребно додадете топла вода. Потоа, нежно, но темелно избришете ги вашите стапала со пешкир.

Скратете ги ноктите

Кога стапалате ќе бидат суви, средете ги ноктите и кутикулите. Скратите ги вашите нокти, но не премногу кратко. Не користете ножици, туку нежна турпија за нокти. Нежно притиснете ги кутикулите со козметичко стапче.
Задебелената кожа на петиците и стапала истругајте ја со камен или турпија за оваа намена. Бидете нежни и не претерувајте за да не се повредите . Задебелувањата и напукнатините на петиците може лесно да ги одстраните со помош на специјални креми.

Намчкајте крем

Чистите и суви стапала намачкајте ги со крем, лосион или масло. Втријте ја кремата во кожата со лесни кружни движења , а потоа замотајте ги стапалата во пластична кеса 10-15 минути. Топлина ја зголемува апсорпцијата на хранливи материи, ги омекнува нозе и ја прави кожата мазна.

Ипакнати коски се третираат ортопедски
Ипакнати коски обично се јавуваат како резултат на рамни стапала или носење несоодветни обувки. Ортопеди велат дека се третирани само со хируршка интервенција , иако има педикир третмани за ублажување на болката предизвикана од нив.

Не ги чепкајте плускавците
Плускавци се јавуваат кај луѓе кои носат неудобни чевли и неправилно газат. Третман за оваа непријатност е исто така хируршка интервенција , но салоните тврдат дека може да се отстрани и со третман, а неговиот канал се третира со препарати на растителна основа.

Враснатите ноктите отавете ги на педикирот
За враснатите ноктите е делумно одговорна генетика. Начинот на сечење на ноктите и хигиената, исто така влијае на нивното создавање. Препорачливо е дека тие да се сечат рамно. Проблемот може да се елиминира со хируршка интервенција или со лепење силиконски имплант.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...