• Сподели на:

Доколку сакате совршен маникир, нанесете го лакот во 3 потези

___

Ако сакате лакот подолго да ви трае, нанесувајте го во три рамномерни потези – еден на средина и по еден од двете страни на ноктот.

За лакот целосно да се стврдне потребни се 12 часа. Затоа по лакирање избегнувајте топла купка или сауна. Ако ги миете рацете со топла вода, на крајот измијте ги со студена.

За подолго траење нанесете го лакот во три рамномерни потези – еден на средината и по еден на двете страни на ноктот. Оставете да се исуши две минути пред нанесување на вториот слој.

The_Ciate__Velvet_Manicure_Berry_Poncho

Завршниот проѕирен лак не е маркетиншки трик затоа што со него ќе го „запечатите“ лакот што сте го нанеле. Нанесувајте го на секои два дена за да им го вратите сјајот на ноктите.

Водата е непријател на маникирот

При миење садови или алишта ставете гумени ракавици, а кога ќе завршите намачкајте се со крема. За ноктите да дишат тргнете го лакот и направете пауза пет дена.

И формата спречува лупење

nails_pic

Ако ноктите се пократки помалку е веројатно дека ќе пукаат и ќе се лупат, а со тоа ќе изгледаат поуредно. Оптималната должина малку го надминува врвот на прстот. Важна е и формата – ноктите нека бидат овални или округли со малку коцкасти рабови.

Четкичка за заби за чистење

Површината на ноктите пред лакирање мора да биде чиста. Ставете малку течен сапун на четкичка за заби и со лесни движења поминете по ноктите, околу нив и под нив.


Оставете коментар

___