• Сподели на:

До совршени веѓи во четири чекори

___

Да имате совршени веѓи, во склад со цртите на лицето, обликот на јаболчниците и големината на носот не е едноставно. Па затоа не е необично да видите жена кои со намера да ги намали и обликува веѓите, на крај завршила со тенки црти над очите кои се обидуваат да ги прикрие со помош на моливче за веѓи.

Наместо да ги цртате веѓите, обидете се да ги исенчате. Следете ги овие четири чекори и лесно ќе постигнете совржен облик на веѓите кои одговара на вашите црти на лицето.

1.За почеток, со моливчето за веѓи исцртајте го горниот дел на веѓите, од средина до надворешните краеви.

2.Потоа исчешлајте ги веѓите за да ја намалите видливоста на линијата која сте ја исцртале.

3.Со помош на четкичка нанесете соодветна пудра на веѓите.

4.На крај, веѓите исчешлајте ги нагоре, за да го отстраните вишокот на пудра. Фиксирајте ги со проѕирна маскара.


Оставете коментар

___