• Сподели на:

Брзате? Еве како да изгледате неодоливо

___

Брзате, имате на располагање само половина час а немате претстава како сакате да изгледате и што да облечете. Тешко е да изгледате убаво, особено по напорниот ден, а момчето ве моли да му направите чест и да го придружувате на роденденска забава.

Отпуштете се! Еве како да го организирате времето:

10 минути за туш
Влезете под тушот за да ја исчистите кожата и да го освежите духот. На почеток убаво стоплете се, а потоа туширањето завршете го со поладна вода. Разликата во температурата ќе ја забрза циркулацијата и кожата ќе се регенерира по природен пат.

5 минути за енергија
За да се рестартирате и да го вратите еланот и расположението, напијте се шолја кафе или сварете зелен чај со лимон. Против депресијата каснете неколку коцки чоколада. Чоколадата му дава на организмот енергија за брзо време. За целосно да ја вратите силата, направете масажа на ушите. Тие се главни центри во кои се собира целиот умор. Капнете неколку капки масло за тело и тријте ги со нежни движења.

5 минути за темните кругови околу очите
Седнете на фотелјата, мислете на убави работи, додека на очите држите разладени тркалца од краставички или вреќички од послаб чај. Можете да го испробате и трикот со ладните кафени лажици. Искористете го времето за да ставите и маска.

5 минути за шминка
Заборавете на сенките и експериментирање со изгледот. Играјте на комбинацијата, нежни очи и истакнати усни бидејќи е економична во однос на времето. Ставете подлога, повеќе руж за да изгледате одморено, црно моливче на капакот и на краевите од очите и неколку слоја маскара. Усните истакнете ги со црвен темен кармин.

5 минути за облекување
Играјте на сигурна карта бидејќи времето не е на ваша страна. Облечете ја комбинацијата во која се чувствувате најудобно, а сепак знаете дека нема да поминете незабележана. Обидете се да им одолеете на екстремно високите потпетици. Пониските чевли нема да ве кутнат да седите цела вечер на стол.


Оставете коментар

___