• Сподели на:

Борбата против целулит започнете ја на време ! Природно средство од само три состојки

___

Освен што на многу утрото го прават поубаво, а дружењето комотно, кафето е намирница која и вашата кожа ја сака. Доколку сакате да го спремите вашето тело за потоплите денови, тогаш Вие треба да ја припремите оваа алтернатива.

Состојки:

– 1/4 чаша крупно мелено кафе

– 3 лажици топла вода

– 2 лажици маслиново или бадемово масло

Подготовка:

  1. Го мешате меленото кафе со 3те лажици топла вода.
  2. Оставете го да отстои околу 10 минути, односно кафето ја апсорбира водата и ја претвора во густа смеса.
  3. Додадете 2 лажици маслиново масло и се добро промешајте.
  4. Истуширајте се на вообичаениот начин и потоа измијте ја кожата со млака вода.
  5. Додека сте во бањата, нанесете ја смесата на кожата.
  6. Со кружни движења со дланките или со крпа за капење масирајќи поминете низ задникот и бутовите околу 5 минути.
  7. Потоа, исплакнете со млака вода , доколку е потребно нанесете лосион или млеко за тело.
  8. Повторете го процесот двапати неделно.

Оставете коментар

___