Освен што на многу утрото го прават поубаво, а дружењето комотно, кафето е намирница која и вашата кожа ја сака. Доколку сакате да го спремите вашето тело за потоплите денови, тогаш Вие треба да ја припремите оваа алтернатива.
Состојки:
– 1/4 чаша крупно мелено кафе
– 3 лажици топла вода
– 2 лажици маслиново или бадемово масло
Подготовка:
- Го мешате меленото кафе со 3те лажици топла вода.
- Оставете го да отстои околу 10 минути, односно кафето ја апсорбира водата и ја претвора во густа смеса.
- Додадете 2 лажици маслиново масло и се добро промешајте.
- Истуширајте се на вообичаениот начин и потоа измијте ја кожата со млака вода.
- Додека сте во бањата, нанесете ја смесата на кожата.
- Со кружни движења со дланките или со крпа за капење масирајќи поминете низ задникот и бутовите околу 5 минути.
- Потоа, исплакнете со млака вода , доколку е потребно нанесете лосион или млеко за тело.
- Повторете го процесот двапати неделно.

You must be logged in to post a comment Login