• Сподели на:

Боите кои на сите добро им стојат

___

Некои нијанси изгледаат убаво на секоја кожа и претставуваат класика кога е во прашање шминката. Еве со кои бои не можете да погрешите кога се во прашање сенките за очи, кармини, сјаеви за усни или руменила.

Сенка – Одличната нијанса на ванила или воопште светла нијанса со точки на златен сјај, наместо сребрените, изгледаат добро и на ладни и на топли тонови на кожа. Нијансата браун, сива и црна се исто така универзални сенки за очи.

Кармин – Богата црвена, која нема премногу сини или портокалови подтонови, ласка со сите тонови на кожата. Розевкастата боја во обична нијанса на сите добро им стои.

Сјај за усни – За неутрален изглед изберете бисерен сјај кој изгледа подеднакво добро на светла, средна или темна кожа. Сјаевите во боја на шумско овошје обично на повеќето добро им стојат.

Руменило –  Испробајте светкасто руменило со боја на мед, која малку влече на бакарна боја. Тоа ќе додаде топлина и исончан изглед на светла и средна кожа.


Оставете коментар

___