Понекогаш сме во гужва и едноставно немаме доволно време да се занимаваме со себе си. Но, доколку сакаме да изгледаме добро во текот на целиот ден, потребно е наутро да издвоиме некоја минута повеќе. За да го искористите тоа време што е можно подобро, еве неколку совети на кои треба да обрнете внимание, за да го постигнете посакуваниот резултат:
Внимавајте на бојата на пудрата – ретко кој може да има иста боја на кожа и во зима и во лето, затоа прилагодете ја бојата на вашиот тен.
Секогаш нанесете и коректор за подочници бидејќи со него вашето лице ќе изгледа посвежо.
Повеќе е помалку, па внимавајте на количината на нанесената шминка.
Ако имате масна коса, а немате време да ја измиете, сувите шампони можат да ви помогнат многу, а исто така и детската пудра може да ве спаси од незгодната ситуација.
Немојте да штедите кога се во прашање пудрата, коректорот и маскарата бидејќи овие производи на вашето лице треба да траат цел ден.
Редовно лакирајте ги ноктите бидејќи така секогаш ќе изгледате уредно и дотерано.
Редовно правете и пилинг на вашето лице и тело за да кожата ви изгледа подобро, свежо и меко.



You must be logged in to post a comment Login