Сода бикарбона е главна суровина во кујната, но исто така, и главен содружник во царството на убавината. Тоа е евтин производ и неверојатно корисен за третмани на кожа и коса. Еве неколку начини со кои можете да ја користите оваа состојка:
Спречува дамки од пот и мирис на телото
Измешајте сода бикарбона со малку вода за да ја претворите во паста, а потоа аплицирајте под пазувите за природен дезодоранс.
Исчистете ја вашата коса
Одвреме навреме, на вашата коса и е потребно одредено олеснување од производите кои ги нанесувате. Ставете мало количество на сода бикарбона во вашиот шампон, а потоа користете го како вообичаено. Вашиот шампон ќе добие свежина и ќе ја обнови вашата коса.
Белење на забите
За да направите смеса за белење на забите, измешајте една лажица сода бикарбона и пет капки хидроген пероксид во мал сад се додека не се добие конзистентна маса. Додадете неколку капки вода доколку е потребно. Аплицирајте ја смесата подеднакво со четка за миење заби, и оставете да отстои 5 минути. Потоа, исчеткајте ги забите со нормална четка за заби и исплакнете темелно со вода. За најдобри резултати, повторете ја процедурата еднаш неделно. Доколку не сте задоволни со резултатите, оставете ја смесата 10 минути, меѓутоа не подолго, бидејќи може да направите нерамна апликација и забите може да станат чувствителни.
Оживејте ги кутикулите на ноктите
Дали користите премногу гел маникир? Дали вашите кутикули озгледаат како да биле во војна? Направете паста со сода бикарбона и топла вода и истријте ја на кутикулите за да ја омекнат кожата. Ако имате доволно паста, може да ги протриете целите раце.





You must be logged in to post a comment Login