• Сподели на:

3 масла за убава кожа

___

Маслата се идеални за нега на кожата. Доколку имате осетлива, сува кожа или се борите против депигментација, ние ви откриваме три масла со кои вашата кожа ќе биде здрава и убава.

Чувствителна кожа – за нега на чувствителна кожа идеално е маслото од камилица. Ова нежно масло делува анти-воспалително, па е идеално за ублажување на црвенила, иритација и смирување на испуканата кожа.

Депигментација – Маслото од шипка содржи ретинол, витамин Ц и масни киселини, и на природен начин ја хидрира кожата. Одличен избор за нега на проблематичните подрачјана кои кожата ја променила бојата. Неколку капки масло од шипка можете да додадете и во вашата хидрантна крема, на тој начин ќе се осигурате дека вашата кожа секојдневно ќе ја добива потребната нега.

Сува кожа – Маслиновото масло е идеално за нега на сува кожа. Таа е богата со полифеноли и масни киселини кои ја спречуваат појавата на предвремени брчки настанати поради сувост на кожата. Доволно е еднаш во текот на денот нежно да нанесете неколку капки маслиново масло на вашата кожа.


Оставете коментар

___