• Сподели на:

Тинејџерките во солзи! Хари Стајлс ги напушта One Direction?!

___

Очигледно, на другите членови од бендот им здосадило што Хари е секогаш во прв план и што сите пишуваат само за него. Исто така, Стајлс е убеден дека ги надраснал границите на бој бендот.

Се чини дека на другите членови од групата “One Direction” конечно им здосадило Хари Стајлс постојано да биде во преден план и да го привлекува целото медиумско внимание, па како што наведуваат британските медиуми, само прашање на време кога Стајлс ќе биде исфрлен од популарниот бој бенд.

Според изворот, кој е добро упатен во ситуацијата во групата, на останатите момци се повеќе им пречи рекламирањето на Хари, и насловните страни кои ги полни со своите љубовни авантури и најави за соло проекти. Тие на Стајлс му замеруваат што сите го споменуваат него, а не  “One Direction”.

Меѓутоа, ниту Хари не е задоволен – бидејќи најмногу пари заработуваат Лијам и Луис, кои се автори на поголемиот дел од песните , тој е убеден дека како најпопуларен и најталентиран член на бендот би требало да заработува многу повеќе. Исто така младиот пејач веќе работи на соло проект и уверен е дека надраснал границите на бој бендот. Тука е и неговата намера да се обиде и во Холувуд, а на филм наскоро дебитира во остварувањето на  “Wicked”.

Како ќе се одвива оваа напната приказна, ќе видиме наскоро.

 

One Direction - Story of My Life

 

One Direction - Best Song Ever


Оставете коментар

___