Најголемите ѕвезди од музичката индустрија синоќа се собраа во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 58-то издание на доделувањето на „Греми“ наградите, каде Кендрик Ламар и Тејлор Свифт завршија како апослутни победници.
Кендрик Ламар ја заврши вечерта со најмногу освоени награди. Американскиот рапер беше номиниран во единаесет категории, а дома однесе пет златни грамофони, меѓу кои за Најдобар рап албум за „To Pimp a Butterfly“, Најдобра рап песна за „Alright“ и Најдобра рап изведба.
Тејлор Свифт победи во три категории, а беше номинирана во седум.
Сепак, 26-годишната пејачка имаше огромен повод за славење затоа што стана првиот женски изведувач во историјата кој двапати ја има освоено наградата Албум на годината.



You must be logged in to post a comment Login