• Сподели на:

Шакира: Дечкото ми забрани да снимам спотови со мажи

___

“Пике е посесивен, но ми ласка што е така заштитнички настроен”. Мислам дека Ријана е единствената личност на кој би и дозволил да ми ги милува колковите”, изјави пеачката.

Sakira-Rijana1

Латино ѕвездата Шакира може да каже збогум на секси сцените во спотовите кои вклучуваат мажи, бидеќи нејзиниот партнер Џерар Пике, со кој го има синот Милан, и забранил да снима жешки сцени со згодни манекени.

Таа  во интервјуто за магазинот “Billboard” истакна дека заради неговата љубомора, наместо секси манекен, ја повикала Ријана, за која неодамна истакна дека е најсексиплната жена во светот.

sakira

-- Посесивен е. А бидејќи ми забрани да снимам спотови со мажи, морам да ги снимам со жени -- истакна Шакира.

-- Добро, не дека ми забрани, но тоа некако се подразбира. Дури ми ласка што е така заштитнички настроен. Мислам дека Ријана е единствената личност на кој би и дозволил да ми ги милува колковите -- изјави пеачката која пред неколку години во спотот за песната Gypsy се љубеше и мазеше со Рафаел Надал.

Shakira - Can't Remember to Forget You ft. Rihanna


Оставете коментар

___