• Сподели на:

Разиграно патување низ историјата на афроамериканската музика

___

Првиот соло албум на Фарел Вилиамс по осум години пристигнува по големиот успех на Дафт Панк и Робин Тики – Girl на која гостува Мајли Сајрус и Алиша Кис, како разиграно патување низ историјата на таканаречената црнечка музика.
Бил најмоќна личност во музичката индустрија, човекот кој The Neptunes ги “изнајмуваше” за 1 милион за еден настап. По 2006 година го објави својот прв соло албум (In the Mind) и полека почнуваше да го снемува, се помалку го имаше на топ листите, а се повеќе говорел за филмската индустрија, водел емисии и заработувал на други начини. Дури се појавила и веста дека си ја продава куќата. Се тоа пред да се појави Дафт Панк.
Фарел Вилиамс бил за Get Lucky важен исто колку и Get Lucky за него, совршен дует кој го катапултираше назад каде што беше со своите радикални интервенции во фанкот, се од Снуп Дог до Бритни Спирс. Сега кога Фарел стигна се до Оскар, беше ред да својот голем музичко воскреснување да го издаде нов соло албум.
Дали е можно по осум години да се продолжи љубовната врска?  Па, можеби, но не со истата публика и секако не со исти звуци, бидејки Girl не е ни продолжение, ниту пак одразот на авангардата кој ја потпишуваше со The Neptunes и N.E.R.D. Покрај тоа, не е ни чудно што Џастим Тимберлејк отвара на гостувања – со песната Brand New, која доаѓа веднаш по Marilyn Monroe, која звучи како да се изземена џастиновата The 20/20 Experience.
Не е дека овде нема материјал и за деца – Happy, песната од цртаниот Despicable me2, дословно е песна за деца, но е сјајна, сингл кој успева со музиката да биде во буквално исто расположение како и самиот наслов. Тука е и Мајли Сајрус со Come get it bae, сагата за сексот пакувано во авто-мото списание, секако подобра е од најлошите моменти на Girl, или во Lost Queen или Hunter во која Фарел пробува да биде Bee Gees.
Во Gust of wind повторно се зафати со slow-disco коло со Дафт Панк со кој се упати на крстарење на медитеранот – среќа, тука е и времепловот па збор е за мирисен медитеран од крајот на седумдесетите и крузерот на кој не е досадно дури ни кога при мрдање на колковите осетиме остеопороза иако оптимистично ја замениме со меланхолија.
Фарел е мртов – да живее Фарел! Но секако, албумот можеше да биде подобар.
httpv//www.youtube.com/watch?v=6fT_GlomuXw

Оставете коментар

___