Не очекувајте дека американскиот ТВ водител Бил Орајли ќе го видите на концерт на поп дивата Бијонсе.
Тој изјави дека Бијонсе е “лош пример за младите девојки”. Орајли никогаш немал проблем со презентирање на своето мислење и го критикуваше најновото видео за песната “Partition”, велејќи дека тој спот за него “необјасниво експлоатира ѓубре”.
“Оваа пеачка издаде нов албум во кој промовира дека е во ред да се има секс на задното седиште на лимузина. Таа би требали да знае дека тинејџерките се угледуваат на неа и дека поради тоа не би требало на тој начин да промовира сексуалност”.
“Таа веројатно знае колку несреќа носи таквото однесување, а да не зборуваме за непосакуваната бременост и несреќни, со сила склучени бракови”, тврди Бил.
“Оваа жена, како некој кој промовира еднаквост и инсистира на мајчинство, има обврска да ги заштити своите деца, а не со својот пример да им дава лоши идеи на тинејџерките…”


You must be logged in to post a comment Login