• Сподели на:

Нов албум на Мајкл Џексон

___

Постхумно остварување на популарниот пејач ќе го носи името „XSCAPE“ и содржи осум нови песни по избор на LA Rid, претседател на „Епик рекордс“, кој ги преслуша сите демо снимки кои кралот на попот ги направил во текот на четири децениската кариера.

Новиот, постхумен албум на Мајкл Џексон ќе биде објавен на 13ти Мај во издание на дискографската куќа „Епик рекордс“.

Проектот кој носи назив „XSCAPE“ содржи осум нови песни по избор на LA Rid, претседател на „Епик рекордс“, кои ги преслушал сите демо снимки кои кралот на попот ги има направено во текот на четири децениската кариера. На осовременување на песните работеле продуценти како Тимберленд, Старгејт и Родни Џеркинс, кој со Џексон го снимил албумот „Invincible“ во 2001 год.

– Мајкл позади себе остави неколку музички изведби кои со голема гордост ја претставуваме со посредство на продуцентот со кој директно работел или сакал да работи – кажува Rid.

Делукс изданието ќе содржи исто така и оригинални верзии на сите осум ремиксирани песни, а ќе може да се нарача уште од 1ви Април.


Оставете коментар

___