Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

John Newman во Скопје !!!

На 21 јуни во Скопје доаѓа извонредниот John Newman, едно од најпопуларните и најактуелни светски музички имиња во моментов, артист кој во изминатиов период има три UK No.1 синглови.

John Newman со своите 25 години за многу кратко време стана англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата. За неговата кариера клучна е соработката со групата „Rudimental“ и заедничката песна „Feel the Love“ која за кратко време стана светски хит. По вториот заеднички сингл со оваа група, насловен „Not Giving In“, набрзо следи и неговиот прв самостоен сингл „Love me Again“ каде се искачува на првото место на британските и светски топ листи, обезбедувајќи си влез и на американскиот музички пазар.

Авалон продукција ова лето ќе направи неколку концерти на John Newman во регионот, од кој што првиот ќе биде во Скопје на 21 јуни.
Влезници ќе бидат во продажба од понеделник (08 февруари) точно во 09 часот, на сите продажни места на Купи карти за се, Розе Веро-2 и онлајн www.kupikartizase.com, по цени:

ПАРТЕР 990 денари
ТРИБИНИ од 1.200 до 1.500 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1000 влезници)
ВИП 2.000 денари (само 200 влезници)

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...