Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

Брит Музички награди 2014: 5 моменти кои изненадија, позитивно но и негативно

Џејмс Гордон си правеше селфи на бина, Алекс Тарнер го испушти намерно микрофонот, фронтменот на Бастилија  лупаше на тапани, Бијонсе со скромен настап но во ѕвезден стил и шокот на вечерта, кој ако не од кралот Давид Боуви, моменти кои едноставно мора да се прокоментираат.

Не можам да се одлучам дали гестот на Алекс Тарнер беше снобовски или генијален?

ОК немам проблем со музиката, сепак Артик Манкис се еден од ретките рок бендови кои полека но силно од ситна сцена изградија кариера и силни настапи. Но боже настапот кој го приредија и самиот говор за прифаќање на наградата… Секогаш има избор, ако не сте сакале да присуствувате немојте!!! Со сарказам едноставно немој да се појавите… Сите сте возрасни луѓе не сте тинејџери кои ве влечат по досадни фамилијарни вечери на кои мора да се појавите…WOW колку бунтовнички потег, го фрлаш микрофонот и на публиката и се обраќаш со изјава дека може да ти пратат фактура за оштетата????

 

prince-james-corden-selfie1

Џејмс Гордон и достоинствено оденсување? Неее

Да тоа е ликот кој си дозволи да го прекине Принц додека ја презентира првата номинација за да се слика со него. Збунетата фаца на Принц и од повеќе кажа дека нема појма кој е ликот а помалку што прави???

Kate Moss

Сет од тапани на бина додека се делат наградите – совет елиминирајте ги за наредната година

Има причина зашто пејач треба да се држи до микрофон, членовите на Бастилија треба да си го решат тоа…што побрзо.

Arctic Monkeys

На некои од ѕвездите не им треба голема сцена за да бидат тоа – Ѕвезди!

Арктик Манкис блеснаа на сцена со огнови и ласери. Кети Пери мораше да се траснформира во стил инспириран од Ацтеките… додедека Бијонсе се појави наоружана … па само со светкав фустан и прекрасан песна. Го искористи само тајното оружје да ја натера публиката да пее со неа.

Дајвид Боуви ах Дајвид Боуви

Никој и не очекуваше дека тој ќе се појави на наградите воопшто, како што и Ноел Галагер се изјасни најавувајќи го како добитник на наградата најдобар Брит Машки Соло Артист

„Вие манијаци мислевте Дајвид Боуви ќе се појави овде?  Тој е премногу кул за ова!“

Но како господар на изненадувањето сепак тој приреди посебен момент на синоќешните награди, неговиот говор за заблагодарување за наградата и беше доделен на Кејт Мос:

„ Воодушевен сум сто ја добив Брит наградата за најдобар машки изведувач“ – следуваат некои бла бла за Јапонски митови и зајаци за на крај да го круниса говорот со следново – „Мислам дека ова е прекрасен начин да се заврши денот. Благодарам – и Шкотска остани со нас!“ Дајви Боуви Унионис?

Сепак останува точна таа на Стинг – Британец останува Британец дури и во Њу Јорк.

Beyonce

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...