• Сподели на:

Канје призна зошто се ожени со Ким!

___

Канје Вест е ѕвезда која или ја сакате или не, но славниот музичар никогаш не глумел скроменост. Што воопшто да се каже за некој кој себеси се нарекува бог? Сега, Канје и прозбори околу тоа…

Славниот рапер, лице од насловната на GQ, во интервјуто открил многу детали од неговиот живот. Неговиот свет се промениил откога во него влетала Ким Кардашијан, а му требало дури седм години да се увери дека тој е правиот маж за неа.

Ким е жената која ме пали. Ја обожавам. Сакам да сум со неа цело време. Таа жена има неверојатно тело и прекрасно лице како стилска икона, воедно е и љубезна, сама заработува и сака фамилија! Тоа е неверојатно и таква ретко се наоѓа!“, изјавил Кање за својата сопруга – „Таа е кул како диносаурусите!“

Славниот музичар се соживеал со својата нова улога, а најдраго му е да си дојде дома и да си игра со ќерката Норт. „Мојата ќерка не избра слава, но е славна. Ќе се борам да има добар живот“.

А што кажа за недоаѓањето на Џеј Зи на неговата венчавка? „За тоа воопшто не сакам да разговарам. Мене воопшто не ми беше важно кој ќе се појави, мене само ми беше важно Ким да биде таму“, рекол Кање.


Оставете коментар

___