По бројни шпекулации и четири години од крајот на популарната серија “Lost” , нејзините продуценти Dejmon Lindelof и Karlton Kjuz одлучија да го објаснат крајот.
Кога по шест сезони, во 2010 беше прикажана последната епизода од серијата “Lost” многу од обожавателите не беа задоволни од крајот, бидејќи сметаа дека многу прашања останаа неодговорени.
Иако многу сметаа дека островот го претставува чистилиштето, приказната е сепак друга.
-Не, не, не. Они не беа мртви цело време. Ликовите кој го преживеаа падот на авионот, навистина беа на островот. А сите беа мртви дури во конечната, заедничка сцена во црквата. Завршија во рајот – Објаснија продуцентите и додадоа дека нивната желба била, серијата да претставува метафора за оние луѓе кои се изгубени и ја бараат смислата на животот.
– Чуствувавме дека крајот треба да биде духовен, да зборува за судбината – заклучија Lindelof и Kjuz. Причината за нивното, а и собирањето на целата постава на оваа серија, беше десетгодишнината од почетокот на прикажувањето на “Lost”.

You must be logged in to post a comment Login