Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Филм

10 причини поради кои, Игра на тронови“ и оваа година ќе биде најгледана серија

Мачување, пцуење, секс…  Така жестоко почнува и оваа нова, четврта серија на „Игра на тронови“. Премиерата е на 6ти април, а ние ви претставуваме 10 причини поради кои не треба да ги пропуштите новите епизоди.

Оваа сезона ги „разбива“ сите правила на телевизијата

Поголемиот дел од првата епизода се гледа низ очите на десетгодишниот Бран Старк, гледачот расте со него, го идентификува неговиот живот, и тогаш трас! Тој паѓа од највисоката кула, право во смртта. Познато е дека главните ѕвезди не умираат во првата сцена, но ништо не е послатко од тоа кога ќе се случи нешто поинакво. А баш тоа го прават режисерите, а се тоа според истоимената книга – негативците ги убиваат главните јунаци. Сетете се само на несреќниот Нед Старк и „крвавата свадба“.

Обама и Мадона се големи фанови на серијата

Сценаристите Бениф и Вајс пред секое емитување на серијата, ја праќаат новата епизода кај претседателот Обама, за тој прв да ги изгледа новите случувања во неговата омилена серија. Но Обама не е единствениот славен љубител на оваа серија, Мадона на фејсбук закачила своја слика во облеката на Денарис Таргариен. Костимот го добила лично од глумицата Емили Кларк.

И Барт Симпсон ги сака…

Секоја епизода на серијата, само во Америка ја гледаат 14 милиони гледачо. Таа бројка беше доволен знак за авторите на серијата „Симпсонови“ и „СаутПарк“ да ја вмешаат серијата во свој стил во нивните пародични приказни. Дури и „Економист“ ја искористил оваа серија за да го прикаже ривалаството помеѓу Фејсбук, Гугл, Амазон и Ејпл.

Главните ликови се мелем за очите

Кога ќе се разголат главните ликови, не се знае кој изгледа подобро. Кит Харингтон како Џон Сноу, но и неговата Јиргит (Rouz Lesli) на ледениот север успешно им парираат на жешката Емили Кларк како Денерис Таргариан и нејзиниот прв партнер Џејсон Момоа (Kal Drogo) кои се на југот на ова необично кралство.

Дури и Петар Динклејџ (Тирион Ланистер) кој не е толку згоден, познат е по сцените каде го гледаме во кревет со згодни девојки. И она што е најбитно, во серијата можеме да видиме многу голотија, како женска така и машка.

Сплетки и интриги

Во Игра на тронови  раните гнојат, очајни луѓе ризикуваат, добрите ликови не триумфираат, лошите дела поминуваат неказнено, сексот се сака а браковите се воглавно несреќни. Во таа смисла, оваа серија дефинитивно има посена енергија.

Сјај на холивудски филм

Серијата изгледа и дава чувство на високобуџетен филм. што и не е некое изнендаување затоа што снимањето на секоја епизода чинишест милиони долари. Покрај Ирска, серијата е снимана во Мароко, на Малта, Хрватска, Лос Анџелес, па и во Шкотска.

25 милиони луѓе неможе да погрешат

Предходната сезона ја симнале 5,9 милиони луѓе преку Торент. Само во Америка секоја епизода во просек ја погледнале повеќе од 14 милиони луѓе.

Ќе има крв на сите страни

Во оваа серија кавгите се многу крвави, во сите четири сезони. Осветата е клучна работа во „Игра на Тронови“ и за разлика од повеќето серии оваа има некои од нашокантните сцени баш поради специфичното крвопролевање, по кое е препознатлива.

Tаленти

Глумците веќе по првите две сезони почнале да добиваат одлични понуди за други проекти во своите кариери. Така Николај Костер – Валдау, играше во хитот „Обливион“ а ги чека успех и со филмот „Друга  жена“.  И Кит Харингтон доби хонорар за улогата во „Помпеј“м додека Емилија Кларк е нова ѕвезда во продолжението на Терминатор.

Се гледа крајот

До сега се објавени пет книги на Џорџ Р.Р. Мартин, и „HBO“ ги објавува на 4000 страници. Петата книга „Танц со змајеви“ е следната планирана за на екраните. По неа доаѓа шестата книга, која Мартин уште не ја завршил, а се надева дека ќе ја зарши пре да го стигне „HBO“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement