• Сподели на:

Џони Деп се ожени

___

Холивудските звезди Џони Деп и Амбер Херд се венчале во вторникот во Лос Анџелес. Како што пренесуваат американските таблоиди, популарниот пар го кажале судбоносното да во куќата на Деп во западен Холивуд.

На венчавката биле повикани и децата на Деп од неговата врска со француската актерка и пејачка Ванеса Паради – Лили Роуз и Џек.

Џони Деп и Амбер Херд се верени скоро цела година. Нивната љубовна врска почнала кога се запознале на снимањето на филмот Дневници на румот од 2011 година.

1


Оставете коментар

___