Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

До сега невидени фотографии на култната Мерилин Монро

Релаксирана, опуштена  и вистинската Мерлин каква не сме имале прилика често да ја гледаме

 Иако ни е тешко да поверуваме како постојат некои моќни фотографии на Мерлин Монро, со оглед дека била една од најсликаните жени во американската историја тоа е факт.

Всушност по две години барање, еден тим на чело со Пјеро Вудраг успеал да собере до сега невидени фотографии од култната блондинка кои жителите на Њујорк и неговите посетители ќе можат да ги видат на предвидената изложба во галеријата Сумо во Менхетен.

Повеќето “изгубени“ фотографии се направени во паузите од снимањето филмови од средината на педесеттите години на минатиот век, во кој Мерлин имала главна улога, во периодот кога Монро ја зацврстила својата репутација на најсексипилна жена во светот и еден од најголемите секс симболи кои светот ги видел.

Меѓу филмовите се главно тие кои се снимени во дивина: Нијагарини водопади и Неповратна река.

Повеќето фотографии ги направил Лени Карлсон кој се претставува како фотограф од листата Chicago Tribune, иако во реалноста работел монтажа на звук во Capitol Records, кој открива дека поседува скриен талент. За неговите фотографии во потрага тргнува Пјеро Вудраг, основач на фирмата Limited Runs, кој одлучува да тргне во потрага за фотографиите од глумицата откако во 2012 година ја открива серијата на фотографии од Ален Снајдер за сетот на Нијагара.

“ Мерлин не очекувала дека овие слики ќе се појават во јавноста па била прилично релаксирана, опуштена и природна. Мерлин каква не сме имале прилика да ја гледаме често„

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...