Холивудскиот пар ќе глуми во комплексната драма „By the Sea“
Дури и врапчињата знаат дека филмот „Господин и госпоѓа Смит“ 2005 година, беше судбоносен во кариерата на Бред Пит и Анџелина Џоли кои страста од платното ја пренесоа во реалниот живот, разорувајќи го тогашниот брак на Бред со Џенифер Анистон.
Од тогаш поминаа точно девет години, а славниот пар не глумел заедно во ниеден нареден филм, иако фановите со нетрпение очекуваат да ги видат на некој филмски проект, па било тоа и филм за нивната љубов.
Очигледно свесни дека ни фали нивната хемија на платно, Бред и Анџелина најавиле дека наскоро ќе се појават заедно во филмот „By the Sea“, за кој сеуште не се знае многу, само дека ќе биде драма со комплексни емотивни односи, пренесува MTV.
– Не очекувајте некој голем филм, ниту акција. Овој филм е оној вид на филмови што јас и Бред ги сакаме, но ретко сме глумеле во нив. Истотака е крајно експериментален, независен филм во кој ќе имаме прилика да бидеме само глумци и да ги понудиме своите најдобри драмски улоги- изјавила Анџелина неодамна.

You must be logged in to post a comment Login