Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Во борба против подочниците

Уморниот изглед на вашите очи и темните кругови се проблем а многу жени. За нив често пати постои генетска предодреденост, а подочниците се создаваат како последица на алергија, попуштање на работат ана срцето, бубрезите, поради тенка кожа под очите, пигментација, лоша циркулација.

Квалитетен сон сè решава, а ние ви препорачуваме уште некои работи кои можете да ги направите за да го повратите свежиот изглед.

Погрижете се да спиете седум до осум часа дневно. Подочниците веднаш ќе ги снема.

Миење
Измијте се наутро и нанесете тоник кој ќе ги затвори порите, а потоа нанесете хидратантна крема.

Коректор
Подочниците девојките најлесно ќе ги покријат со коректор кој има портокалов пигмент со што ќе се неутрализира нивната боја. Коректорот нанесете го со јагодицата на прстот – од внатрешниот кон надворешниот дел на окото.

Без маскара и креон
Немојте да нанесувате маскара на долните трепки бидејќи така ќе ги нагласите подочниците. Истото правило важи и за моливчето за очи.

Smokey eye
Избегнувајте темни нијанси и smokey eye стил кој ќе ги нагласи подочниците. Одберете светли и благо сјајни нијанси на сенки за очи.

Краставица
На уморните и отечени очи ставете резанка краставица од фрижидер. Краставицата со своето студенило многу бргу ќе ги совлада надуените подочници. Можете да користите и изладени кесички од чај.

Што повеќе течности
Пијте многу вода во текот на денот за да не ви дехидрира телото.

Спијте на грб
Спијте на грб, а вашата глава нека биде благо поткрената. Тоа овозможува подобра циркулација на крвта и спречува собирање на течности околу очите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement